СДСМ: Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза

Тажни слики од крајно запоставените езерца во Градскиот парк во Скопје, претворени во буниште, во извор на зараза, сведочи за негрижата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и  градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.
 
Езерцата неисчитени со месеци, полни со отпадоци, гнилеж и тиња претставуваат потенцијален извор на зараза за граѓаните, кои секојдневно во голем број го посетуваат паркот, се наоѓаат на само неколку десетини метри од канцеларијата на Арсовска.
 
За само шест месеци мандат, Данела Арсовска се покажа како најнеспособна градоначалничка на Скопје.
 
Работењето, односно неработењето на Арсовска за половина година се сведе на нереазлириање на ветувањата дадени на граѓаните и стопирање на проектите започнати од претходната локална власт предводена од СДСМ.
 

 

Граѓаните на дело, секој ден ја гледаат неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

15.05.2022 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа