СДСМ ги објави заменик-министрите од своите редови

Филип Николовски да биде именуван за заменик министер за финансии, Владимир Рендевски за заменик министер за здравство, а Александар Бајдевски за заменик министер за информатичко општество и администрација. Тоа е предлогот за заменици министри од СДСМ на претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, за кој вечерва на онлајн седница донесе одлука партискиот Централен одбор.

ЦО на СДСМ, како што соопштија оттаму, вечерва го овласти Ковачевски да разговара со партнерите во Владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

Од СДСМ велат дека Филип Николовски, кој е предложен за заменик министер за финансии, е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство. Владимир Рендевски е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

Александар Бајдевски, кој е и актуелне заменик министер за информатичко општество и администрација, е дипломиран економист во насоката финансиско сметководствен менаџмент.

26.01.2022 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега