СДСМ: Ги поставаме европските стандарди во нашата држава- Прочистување на правосудството е првиот приоритет

Прочистување на правосудството е првиот приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“ со која Владата предводена од СДСМ ги поставува европските стандарди во нашата држава, ја носи Европа дома, велат преку соопштение од СДСМ утринава.

Од партијата неведуваат дека длабоките и суштински реформи во правосудството, преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството влегуваат во своето финале.

„Со Законот за јавно обвинителство, донесен и покрај опструкциите на опозицијата се обезбедува продолжение на предметите за висока корупција. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела.

Во завршна фаза е моделот за прочистување на судството, по кој сите судии ќе бидат оценувани за тоа како воделе постапка, како изведувале докази и сослушувале сведоци, а особено за тоа како постапувале со предмети кои се доведени до застарување.

Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.

Додека Мицкоски стои на браникот на криминалот, СДСМ забрзано работи на воведување европските стандарди дома, на градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега