СДСМ: Го вреднуваме трудот на здравствените работници, 30 000 денари награда за 7.600 вработени

Владата продолжува да инвестира во човечкиот капитал и да го вреднува трудот и напорите на здравствените работници, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, 7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии против Ковид-19 и пожртвувано помагаат и работат со заболените од коронавирусот, ќе добијат еднократна награда во висина од 30.000 денари. 

-Нивната посветеност, макотрпна работа борејќи се да спасат човечки живот се вредна за секоја пофалба и благодарност, но и за заслужена конкретна финансиска поддршка. Согласно Програмата, платите на здравствените работници ќе подолжат да растат по 10 отсто секоја година или вкупно 40 отсто до крајот на мандатот, се вели во дописот од СДСМ.

Според владејачката партија, инвестициите во здравствениот сектор, инвестициите во човечкиот потенцијал се клучни за унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани. 

-За СДСМ како одговорна партија, поддршката на здравствените работници, вложувањето во човечкиот капитал и вреднувањето на трудот на секојдневните борци и херои кои се борат против Ковид-19 и натаму останува приоритет, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега