СДСМ: Голем скандал - Општина Гевгелија и позајмила цистерна на општина Штип

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ги партизираат општините со кои раководат и се однесуваат расипнички со парите на граѓаните - велат од СДСМ
 
Последен доказ за тоа е „позајмувањето“ на цистерна од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од општина Гевгелија на општина Штип.
 
Скандалозно, возилото од Гевгелија било испратено за Штип за да ги мие улиците пред посетата на Христијан Мицкоски на овој град.
 
Ова е класичен пример на злоупотреба на општински ресурси за партиски цели, за која одговорност треба да понесат градоначалникот на општина Гевгелија и директорот на комуналното претпријатие.
 
Наместо да работат за граѓаните, градоначалниците на општините Гевгелија и Штип, како и многу други, работат единствено за интересите и ќеифот на Мицкоски.
 
Изминуваат првите шест месеци од мандатот а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо за граѓаните.
 

 

Партиски вработувања, расипничко трошење на општинските буџети, тоа се досегашните резултати на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа тие се најголемото разочарување за граѓаните - стои во соопштението на СДСМ
29.04.2022 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега