СДСМ: Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ништо во општините

 

2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата на граѓаните, констатираа од СДСМ во своето соопштение.

Поминаа 2 години, половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини.

Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма.

Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз.

По две години резултатот на ДПМНЕ е поразителен. Нема проекти, нема резултати.

ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги изневери граѓаните – велат од СДСМ

01.11.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега