СДСМ: Граѓаните заслужуваат европски животен стандард


СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател, СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Глас за Стево Пендаровски е глас за борба за сигурна европска иднина, глас за европска Македонија  со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, напредок, стабилност и просперитет, подобра иднина за сите граѓани, од која нема откажување.
 
Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.
 
Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.
 
На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.
 
На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

 

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, велат од СДСМ.
22.03.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега