СДСМ: Грижата за сите граѓани е наш врвен приоритет, денес 13.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок

СДСМ како одговорна партија континуирано покажува вистинска грижа за сите граѓани. Речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари до пензионирање или до вработување.

Ова утрово го соопшти владејачката партија. Според СДСМ, Владата смета дека е неопходно да се инвестира граѓаните кои својот век го дале за татковината.

-СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, уште 1.100 лица стекнаа право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник во претходната година. Со ова исполнуваме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда нанесена кон нашите сограѓани кои не по своја вина останале без работа. Владата предводена од СДСМ смета дека е неопходно да се инвестира во нашите сограѓани кои својот век го дале за татковината, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е јасна: СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од нив. Продолжуваме и понатаму да креираме и реализираме мерки и политики кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, се вели во дописот.

 

22.08.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега