СДСМ: Груевски, шефот на Мицкоски на црната листа на САД, уште една потврда за големиот степен на криминал во ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски и човек кој се уште управува со ВМРО-ДПМНЕ е ставен на црната листа на Соединетите американски држави, објавија од владеачката партија.
 
Груевски, како што објави Стејт Департментот и како што знаат граѓаните, вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, но и присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси.
 
На оваа црна листа покрај Груевски е и неговиот братучед, Сашо Мијалков. 
 
Ова е уште една силна потврда за размерот на криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, таа криминална и режимска матрица и ден денес е силно присутна во опозициската партија. 

 

Дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на државата и граѓаните, соопшти СДСМ.
11.04.2022 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега