СДСМ: Хаос во јавните претпријатија во Скопје поради ВМРО-ДПМНЕ

 

На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, а граѓаните не ги добиваат услугите навремено и квалитетно. Скопје за прв пат остана без јавен превоз, се заканува нова криза, овој пат во ЈП „Водовод и канализација“, нема проекти, нема инвестиции, нема развој. Вината за ваквиот хаос во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да побегне од одговорноста.

„ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тој ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие УО се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните и му приредуваат нова катастрофа на Градот Скопје“, велат од СДСМ.

26.10.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега