СДСМ: Хаосот во Скопје е пример што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт

Кога ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос, а потврда за тоа се случувањата во Скопје, велат од СДСМ.

 

„Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје буквално го уништи јавниот превоз во градот, иако на граѓаните се уште им се свежи сеќавањата за бесплатен јавен превоз, нови 250 еколошки автобуси, фабрика за автобуси и слични погазени ветувања. Граѓаните на Скопје веќе не знаат кој ден ЈСП работи а кој не работи, не знаат дали може да користат јавен превоз и со автобус да стигнат до своето работно место, училиште, факултет, на лекар, на пазар, до своето одредиште или не.ДПМНЕ само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ, го уништи ЈСП Скопје и тоа не само јавното сообраќајно претпријатие, туку и останатите јавни претпријатија се гушат во долгови и нефункционалност“, додаваат од СДСМ.

 

Како што велат, ветувале модерно Скопје, а создале хаотичен, нечист град.

 

„Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси“, завршуваат од СДСМ.

 

16.02.2024 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега