СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, велат од СДСМ

 

„Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот. После Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода. Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата“-реагираат преку писмено соопштение до медиумите од владејачката СДСМ. 
 
„Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот. СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“-додаваат во соопштението.
03.11.2021 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега