СДСМ: И покрај блокадите на ВМРО-ДПМНЕ – изгласан Законот за намалување на ДДВ за струја

Владејачката СДСМ соошти дека Собранието денеска ги усвои измените на Законот за додадена вредност со кое ДДВ за електрична енергија се намалува од 18 на 5 отсто.

-И покрај обидите за блокада од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ уште еднаш покажа посветеност во заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци. СДСМ секогаш е на страната на граѓаните и се грижи за подобрување на животниот стандард, се вели во дописот од владејачката партија.

15.07.2021 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа