СДСМ: Институциите преземаат мерки за надминување на енергетската криза

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата, велат од СДСМ.

„Сите расположливи капацитети за производство на струја се активирани со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја.

Обезбедени се доволни количества на јаглен за непречена работа на РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј.

Овој месец е планирано да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со што, сите количини на електрична енергија за јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство.

На тој начин, со активирање на сите капацитети се спречува драстичен раст на цената на струјата кон крајните корисници.

И во време на глобална енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и го заштити животниот стандард.

За околу 7.500 семејства од ранливи категории се обезбедени 60 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија, а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството“, се вели во соопштението на СДСМ.

05.01.2022 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега