СДСМ: Интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

 

„Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да се продолжи по европскиот пат, да оствариме уште еден стратешки национален интерес. Силната поддршка од ЕУ и од САД треба да ја искористиме. 

Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува на македонски јазик успешно и наскоро ќе заврши“. Овие пораки ги испраќаат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Во македонското Собрание потребен е глас за Европа за да можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас. Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција. Интеграцијата во ЕУ носи подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле, изолацијата значи враќање назад во темното минато на поделби и неизвесност“, порачаа од СДСМ. 

04.06.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа