СДСМ: Ја стабилизиравме економијата и донесовме живот во Македонија

Партијата која кога беше на власт 11 години крадеше и го задолжуваше народот за да гради луксузна бела палата од каде денес шири лажни вести, да гради споменици кои се распаѓаат и за да се богати партиското раководство, нема кредибилитет да зборува за економија. - велат од СДСМ

ВМРО ДПМНЕ е партија која и во опозиција се противеше и ја кочеше финансиката поддршка за граѓаните и стопанството и правеше се’ за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни.

Нивните функционери јавно се противеа на концептот парите назад кај граѓаните, се противеа и на покачувањето на минималната плата.

Во најтешкиот период од пандемијата од Ковид 19, преку дополнителната заменичка министерка за финансии, ВМРО ДПМНЕ со месеци кочеше заем од Светска банка, пари наменети за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.

Владата предводена од СДСМ се соочи и со враќање на долгови направени од ВМРО ДПМНЕ за Скопје 2014.

“Немаме за леб, трошиме на чоколадо”, тоа е ВМРО ДПМНЕ и нивниот однос кон парите на граѓаните кој и денес не е променет.

Денес, парите одат кај граѓаните.  Во домаќинствата и во компаниите преку пакетот мерки во време на пандемија директно се вбризгани над 65 милијарди денари.

Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст и тоа го потврдуваат сите економски податоци - стои во соопштението на владјечката партија

24.05.2021 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега