СДСМ: Кадрите на Мицкоски се најслаби градоначаници досега, за само 6 месеци се покажа неспособноста на Арсовска

 

 
вЗа само шест месеци се покажа целосната неспособност на Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје.
 
Заради таквата неспособност градската администрација вчера остана без печатачи со што се отежнуваат условите за работа на вработените, а граѓаните можат да останат без потребните документи. 
 
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да менаџираат ниту со канцелариска опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат капитален проект за градот и граѓаните.
 
Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на адмиинистрацијата.
 
Нејзиниот пример го следат речиси сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Кадрите на Христијан Мицкоски се докажано најслаби градоначалници досега. За шест месеци не реализираа ниту еден проект за граѓаните туку работат исклучиво за лични и партиски интереси.
 
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се пример дека во оваа партија предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

19.05.2022 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега