СДСМ: Ќе спроведеме попис по сите стандарди, колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Секогаш кога се работи за прашања што се важни за државата и за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ или нема став или ако го има е целосно спротивен на интересите на граѓаните и државата, се истакнува во соопштението на СДСМ.

– Така е со пописот за чие спроведување согласно прописите и стандардите на ЕВРОСТАТ,  ВМРО-ДПМНЕ силно се противи. ВМРО-ДПМНЕ предводени од Мицкоски се збунети, соочени со внатрешни превирања, но тука не можеме да им помогнеме. Пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од владеачката партија. 

Според социјалдемократите, граѓаните не сакаат пописот да биде политичка операција, туку статистичка, како што е правилно. 

– Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ за пописот да биде политичка операција, се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пропадна и се потрошија над три милиони евра народни пари. Попис во земјава не е спроведен 18 години и недозволиво е да се одложува. Република Северна Македонија, конечно, ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се порачува во дописот на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега