СДСМ: Лажен е наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ затоа ги очекува нов пораз од граѓаните

Лажни и провидни се наводните нови политики, наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ, велат преку соопштение од СДСМ.
 
 „ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди нов концепт за сите луѓе со оглед на тоа дека нема намера да се извини  ниту пак да расчисти со мрачното минато. За да понуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но, такво нешто нема на повидок. Мицкоски докажан бранител на криминалот и непресушен извор на лажни вести повторно прави обиди да ги измами граѓаните со лажен наратив. Таканаречениот нов концепт Мицкоски може да го нуди само ако го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Ако престане да брани лица осудени за тероризам, ако почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници и да застане на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците“ велат од СДСМ.
 
Од партијата наведуваат дека Мицкоски мора и да се извини за криминалот со кој режимот 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и барем еднаш да каже дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.
 
 „Без сето ова, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски може само да очекува нов пораз на претстојните локални избори.Граѓаните бараат и заслужуваат политички натпревар со идеи кои ќе го подобрат животот. Затоа СДСМ е препознаена како одговорна и државотворна партија, партија со која напредокот е загарантиран“ стои во партиското соопштение од владејачката СДСМ.
25.06.2021 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега