СДСМ: Македонски јазик во ЕУ, потонати се сите лаги на Мицкоски и Апасиев

СДСМ соопшти дека планови на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев пропаднале, а нивните лаги биле разоткриени.

„Македонскиот јазик одекна во Брисел, влезе во ЕУ, на македонскиот јазик му се отвори патот да стане службен јазик на Европската унија.

Во текот на меѓувладината конференција не само што се говореше на македонски јазик, туку беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки“, велат од СДСМ.

СДСМ порача дека преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти, ѕвездички и придавки.

„Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Со ова, пропаднаа сите лаги што со месеци ги повторуваат ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, соопштија од партијата.

20.07.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега