СДСМ: Мицкоски бил и останува вечен противник на реформските планови

„На Христијан Мицкоски како единствен на браникот на криминалот и не му останува ништо друго освен да е против реформи во кои приоритет е правдата.

Мицкоски бил и останува вечен противник на реформските планови бидејќи во нив правдата е под број 1 – така и со “Акција 21”

Втор приоритет во владиниот реформски план “Акција 21” е и борбата против корупцијата, а тоа е уште една причина зошто е Мицкоски против“, велат СДСМ.

„Реакциите на Мицкоски не се никакво изненадување, напротив тие се очекувани.

Јасно е дека Мицкоски правеше и прави се да ја попречи правдата, па токму затоа и се противеше на носење на Законот за Јавно обвинителство со што предмети на СЈО продолжуваат.

Заштитата на криминалот, деструктивното однесување, лагите и манипулациите, Мицкоски го чинат шест порази од граѓаните.

Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот.

Што и да прави, Мицкоски нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.

Граѓаните се за напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација, неизвесност, криминал и корупција“, соопшти СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега