СДСМ: Мицкоски да престане да ги истура своите фрустрации врз граѓаните и врз здравствениот систем

Цела нација се бори со опасен вирус, само Мицкоски се бори за партиски профит. Тој уште еднаш покажа дека го интересираат само лични и партиски интереси, дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив, велат од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски е заинтересиран само за неговата фотелја во раскошната палата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не сака да чуе ништо за здравјето на македонските граѓани.

-Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза. Во ниту една земја опозицијата во овие времиња не тера теснопартиска политика. Само ВМРО-ДПМНЕ секој ден продолжува со партиски препукувања и обвинувања, без ниту еден факт или доказ за изнесените клевети, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму велат дека граѓаните го оценуваат ваквото однесување на Мицкоски кој, како што се вели во дописот, се профилира како главен антидржавен и антинароден протагонист.

-Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски да престане да ги напаѓа институциите, да престане да ги истура своите фрустрации, да престане со очајните обиди да профитира во време на општа здравствена криза. Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, а не борба за твојот политички опстанок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега