СДСМ: Мицкоски да си даде оставка

Откако поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели,  единствен отчет што треба да го даде Христијан Мицкоски е отчет за предметот Титаник, бараат од владејачката СДСМ. 

-Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека постапувале незаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Со нивното признание се потврди се она што беше објавено во Вистината за Македонија се потврди дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

По сето ова Мицкоски треба да им се извини на граѓаните и да си поднесе оставка а ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите.

Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со исти луѓе на Груевски како Игор Јанушев,  Александар Николовски, Антонио Милошоски...

Апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни и актуелни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозиција.

Правдата конечно мора да надвладее, се вели во нивната реакција испратена до медиумите утрово. 

 

14.02.2022 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега