СДСМ: Мицкоски е на страната на неправдата и криминалот

Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката СДСМ на денешниот протест на опозицијата

 

Оттаму велат дека исплашени од одговорност и неселективно владеење на правото, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанеле зад неправдата и криминалот. 

-Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска. Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и обвинителството, како во мрачните години на режимот. Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми, се вели во реакцијата.

Од СДСМ велат дека нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршело невидени притисоци врз вработени во јавната администрација.

-Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега