СДСМ: Мицкоски ги поткопа државните позиции, усвоена Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија

СДСМ го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ги поткопал државните позиции.
 
„Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.
 
Клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“ 
 
Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија. 
 
Лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така? Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа Резолуција?
 

 

На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија“, соопштија од СДСМ.
03.06.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега