СДСМ: Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани

Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска шема за негово пуштање е огромен, мега скандал за кој мора да има одговорност. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е фатена жива, реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.
 
„Тоа што Христијан Мицкоски се фрли на обвинувања на СДСМ и не бара одговорност од никого, покажува дека наредбата за реализација на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово дошла од повисоко. 
 
Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го забошоти. Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?
 
СДСМ бара ОЈО да спроведе независна истрага, да не штити никого во овој мега скандал.
 
СДСМ бара декласификација и објавување на снимките од граничниот премин веднаш. Нека се објават снимките и нека видат граѓаните која е вистината. Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако. 
 
Тошковски треба да си даде оставка а ОЈО да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир“, стои во реакцијата на опозициската партија.

 

23.08.2024 - 17:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега