СДСМ: Мицкоски го брани Касами, се уште молчи наместо да ги осуди провокациите во Тетово
„Христијан Мицкоски со денови молчи и не собра храброст да ги осуди настаните и провокациите што се случија во минатата недела во Тетово. Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната. Молчи Мицкоски и за провокациите, а неговиот молк никој и ништо не може да го оправда. Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот.“- велат од СДСМ.
-Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции во општинската зграда. Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денеска и во советот на Тетово и во македонското Собрание. Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами. Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии. Очигледно тоа е “духот на коалицискиот договор“ за којшто зборуваа Мицкоски и Касами. Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше.- додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа