СДСМ: Мицкоски и антиевропското ДПМНЕ со спотови и песни ја слават потенцијалната блокада од Бугарија

Уште не е официјализирана, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слават потенцијалната блокада од Бугарија за Северна Македонија за ЕУ преговорите, велат од СДСМ.

 

-Типично груевистички, не направија ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочат. Така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и цврсто се поставија на погрешната страна од државните и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ и губтиникот Мицкоски треба да знаат: Со НАТО не ви успеаја блокадите и деструкцијата, нема да ви успеат ниту со ЕУ. Македонскиот народ е голем и во мака и во радост, ќе излеземе уште поголеми од овој тежок момент, на кој ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат- велат од опозицијата.

Ниедна блокада, потенцираат оттаму, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Македонија и нејзините граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега