СДСМ: Мицкоски и по шест изборни порази, останува осамен во своите лаги и манипулации

ВМРО-ДПМНЕ на чело со губитникот Мицкоски, ни по шест изборни порази во изминатите четири години не извлече поука и упорно продолжува, со лаги и манипулации,  со деструктивните политики кои се на штета и на граѓаните и на државата, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека поразите се нижеа од 2017 година од локалните избори кога Мицкоски беше носител на листа на Град Скопје, преку локалните избори во Охрид и Ново Село, референдумот, претседателските избори, предвремените парламентарни избори до последниот пораз на блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

„Ниту заслужените изборни казни на Мицкоски, ниту разобличените лаги, манипулации демантирани и од странски амбасади, не се доволни за ВМРО-ДПМНЕ  да ја научи лекцијата да биде партија на страната на народот. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, ги поткопува државните позиции, се обидува да наштети на секој напредок на државата, да го опструира здравствениот систем, работата на парламентот и упорно шири лаги и измислици. Лажеа дека се распродава македонскиот идентитет, лажеа дека земјата се распарчува, дека 100.000 луѓе останале без работа. Шират невистини за пандемијата со коронавирусот од тоа дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па до тоа дека не треба да се носат маски.

ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше граѓаните дека во државата ќе се населат два милиони Африканци, лажат дека предметот историја се укинува во училиштата. ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски никако да го слушне гласот на народот. Граѓаните шест пати ги поразија нивните лаги и избраа стабилна иднина и одговорни политичари кои носат храбри одлуки и обезбедуваат подобар живот за граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ изолирани во сопствените лаги и деструкции, уште долго ќе останат во опозиција.“ стои во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега