СДСМ: Мицкоски ја води кампањата на Силјановска, без план за иднината и без понуда пред граѓаните

Мицкоски ја води кампањата на Силјановска и таа е целосно маргинализирана, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, Гордана Силјановска Давкова нема ниту понуда, ниту кампања.

-Зборуваат дека ја ценат како почитувана професорка, а Гордана нема програма, нема понуда пред граѓаните а нема ниту кампања. Мицкоски и ја води кампањата, со обвинувања, без план за иднината и без понуда пред граѓаните. Ова е уште една потврда дека Силјановска е сосема под контрола на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник. На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ. Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, велат од СДСМ.

07.04.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега