СДСМ: Мицкоски како Груевски - Кога се фатени во криминал одговорот им е секогаш ист

 

Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација“. Ова го велат денеска СДСМ преку соопштение за јавноста.

- Наместо конкретни одговори, наместо постапки, јавноста добива излитени фрази и сценарија за страв и хаос. Тоа е истиот рецепт на неговиот ментор Груевски “А војна да направиме” – кој се слушаше во „бомбите“, кога се обидуваа да прикријат криминал со криза. Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и коалициски партнери се фатени во урбан мафијашки скандал со над 150 дивоградби во Чаир, велат од опозицијата.

Прашањата се јасни:

Зошто Мицкоски не побара оставка од вице-премиерот Арбен Меџити, додека трае истрага за дивоградбите кои тој ги поставувал пред својот наследник?

Зошто Панче Тошковски одбива да отвори истрага против Меџити и Висар Ганиу?

Кој интерес стои зад заштитата на урбаната мафија од страна на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто Мицкоски молчи за 150 нелегални објекти и се заканува со „дестабилизација“?

- Одговори нема. Наместо тоа, Мицкоски повторно се заканува со хаос – наместо да се соочи со реалноста и да расчисти со криминалот во сопствените редови. Граѓаните веќе препознаваат: кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за „дестабилизација“, тоа значи едно – некој од нив повторно е фатен на дело. СДСМ нема да дозволи заканите и сценаријата на Мицкоски да бидат параван за криминал и прикривање на одговорност, велат од партијата.

02.06.2025 - 09:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега