СДСМ: Мицкоски меша „баби и жаби“ за изградбата на Клиничкиот центар

За владеачката СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител, не пропуштил прилика да покаже дека е против се што во интерес на граѓаните и државата.

-Тој потврди дека е против изградба на нов модерен Клинички центар, при тоа мешајќи „баби и жаби“ со Клиничкиот центар во соседството. Докажаниот губитник Мицкоски потврди дека е против реформи и дигитализација на наставниот процес иако призна дека и ВМРО-ДПМНЕ имала ветувано дигитализација во образованието, велат од партијата.

Според нив, Мицкоски е против Интервентниот план за инвестиции кој ќе обезбеди забрзан економски раст, развој на енергетиката и инфраструктурата и повисок економски стандард за граѓаните.

Мицкоски во гостувањето истакна дека „хибридниот режим на СДСМ и Заев ќе гради Клинички центар кој е четири пати поскап од оној кој во моментов се гради во Србија“.

-ВМРО-ДПМНЕ реагираше така како што реагираше околу изградбата на тој фамозен Клинички центар, кои што гледам сега во овие 8 милијарди евра повторно се најавува и тоа со сума од минимум 500 милиони евра. Овој документ што го држам во рака е за новиот Клинички центар кои што практично во септември треба да се изгради во Србија, а веќе се гради, и овој Клинички центар кој што е идентичен на нашиот со 1000 болнички кревети и други работи чини верувале или не 125 милиони евра. Или четири пати помалку од оној клинички центар што планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Епа ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што ние зборуваме, рече Мицкоски.

 

31.05.2021 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега