СДСМ: Мицкоски може да понуди единствено 14.835 блокади и лажни вести
Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти, реагираше утрово владејачката партија.
-Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите. Не проекти, Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата. Тоа го правеше во сите изминати години, а и се уште го прави. Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите. Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира ќе губи од граѓаните, а во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да го носи најдоброто за секоја општина, за секое населено место, најдоброто за државата, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа