СДСМ: Мицкоски можеш да се обединиш само со криминалот

Ескалира стравот од правдата и одговорноста кај лажниот патриот и докажан губитник Христијан Мицкоски и затоа веќе не бира ниту зборови ниту средства во неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ, реагираат од владејачката СДСМ.

-Подла и тешка лага се тврдењата на губитникот Мицкоски дека името Македонија било забрането од кого било, кога јавно достапни документи покажуваат дека во изминатиот период фирми и здруженија кои се формираат во својот назив го содржат терминот Македонија. Неоснованите напади, навредите, нискиот речник на Мицкоски само покажуваат колкав е стравот кај него од реформите во судството, од налетот на правдата и одговорноста за секој кој го прекршил законот.  Ненормална работа е, што би рекол Мицкоски, да глумиш лажен патриот и очајно да се обидуваш преку лажни вести, дезинформации и навреди да создаваш поделби и омраза меѓу Македонците, нешто што Мицкоски го прави и денеска но и години наназад, се вели во реакцијата.

Од СДСМ велат дека Мицкоски може да се обедини само со криминалот.

-Мицкоски, ти можеш да се обединиш единствено со криминалот на чиј браник си единствено ти и тоа по твое сопствено признание.  Мицкоски, ако сакаш да зборуваш за одговорност, прво побарај одговорност и оставка од твојот соработник и пратеник Антонијо Милошоски за кој целата јавност виде дека бил осудуван и казнет во Германија за сторени кривични дела.  А се до тогаш Мицкоски, не се чуди зошто шест пати губиш од граѓаните, зошто си опозиција и зошто уште многу ќе останеш таму, велат од владејачката партија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега