СДСМ: Мицкоски подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

„Ако до сега некој се сомневаше, еве го Христијан Мицкоски на дело како се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово во политички цели. Еднакво подмолно е што Мицковски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија и онака од ракав става на маса факти кои немаат допирна точка со реалноста. Внимавајте, сето ова Мицкоски не го прави затоа што е загрижен, затоа што му е жал за загубата на човечки животи, туку бескрупулозно се бори за гола власт. Ништо друго“- изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска во своето обраќање додаде: „Вакво ниско ниво на политичка култура, неприземно, некрофилско и деструктивно однесување не се памети. Мицкоски е трговец со човечки судбини. Без око да му трепне трампа загубени души за гласови. Мицкоски има морал, совест и образ еднаков на НУЛА. Граѓаните затоа ќе му испорачаат уште еден голем пораз на претстојните локални избори. Бидејќи препознаваат дека неговото единствено мото е колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за него и режимското ДПМНЕ“!

 

16.09.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега