СДСМ: Мицкоски прифати уставни измени и сега дијалогот треба да продолжи

 

„Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени.

Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени“, велат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Сега дијалогот треба да продолжи, сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат.

Потребно е широко обединување за интеграција на државата.

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел.

Оваа одлука не е заради моментален полиитчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани, кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ“,се вели во соопштението на владејачката партија.

11.06.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега