СДСМ: Мицкоски шест пати губиш на избори и не ја учиш лекцијата

За лидерски средби потребни се лидери, а Христијан Мицкоски тоа не е, освен кога се работи за ширење лажни вести и дезинформации, реагираат од владејачката СДСМ по видео-обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Мицкоски не може да понуди никакви решенија.

-Мицкоски, граѓаните во тебе не гледаат решение, туку само блокатор на се што е добро за државата. Тоа досега требаше да ти стане јасно, по шесте изборни порази и издишаните протести што народот не ги поддржа. Мицкоски ти немаш став ниту за сопствените барања. Еднаш бараш лидерска средба, па потоа велиш дека нема да одиш, за денеска пак да бараш. Граѓаните одбраа и одбираат сигурност, развој, напредок и стабилност и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е возможно. Затоа шест пати го казнуваат на избори и го остваат во опозиција, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега