СДСМ: Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните, редно е да си ја научи лекцијата наместо да ги промовира ставовите на Бугарија

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ на интервјуто на опозицискиот лидер за МРТ.

-Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните и редно е да ја научи лекцијата: Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот. Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, Мицкоски може колку сака да бара алиби за изборните порази, но како што велат, тој нема успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.

-Очаен е Мицкоски затоа што деструкцијата не му успева, затоа што неговите политики постојано се поразувани. Последен пример е вчерашниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку бојкот, преку опструкции да спречи носење на Буџетот за 2021 година во Собранието, кои не успеаја. И наместо да и се извини на јавноста, Мицкоски во очај се фали со илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и најавува нови блокади во Собранието. Со таквото однесување Мицкоски уште долго ќе биде во опозицијата затоа што граѓаните се напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација и неизвесност, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега