СДСМ: Мицкоски замина во Унгарија по нови насоки од Груевски

Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, реагира СДСМ по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски дека се наоѓа во Унгарија каде ги следи резултатите од тамошните избори и очекува победа на актуелниот премиер, Виктор Орбан.

Од СДСМ прашуваат дали Груевски му ја кажа на Мицкоски и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?

„Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски. Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители“, се додава во реакцијата на СДСМ.

03.04.2022 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега