СДСМ: Мицоски си доби казна бидејќи го потценува народот

 
Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори, велат во соопштение од  СДСМ.
 
„После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност.
 
Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.
 
Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.
 
Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта.  Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата.
 

 

Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе. СДСМ победи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби“  соопштуваат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега