СДСМ: Минималната плата од 1 јануари ќе биде 18.000 денари

Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време, велат од владејачката СДСМ преку соопштение до јавноста.

-Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година, се вели во соопштението.

Според партијата, тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи Македонија и економијата.

-За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред. А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот, се вели во дописот.

 

25.10.2021 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа