СДСМ: Многу омраза и закани кон нас се упатуваат на социјалните мрежи

Владејачката СДСМ денеска преку прес конференција се пожали дека на социјалните мрежи има многу постови со омраза кон нив, нивната партија и нивните функционери.
Славјанка Петровска за тоа ги обвини членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија.
За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи.
Еве дел од нивата содржина:
„Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“,
„Ти се бројат деновите гаде предавнички“,
„Гробови да ви се отворат“,
„Мора ја снема оваа чума“,
„Живи да ги закопаат“.
Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди.- рече таа на последната прес конференција.

 

 

25.10.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега