СДСМ: Мрачниот некрофил Мицкоски се обидува да профитира од жртвите на коронавирусот

Во овој сериозен период од пандемијата со коронавирусот, кога е неопходна голема одговорност од сите граѓани, доследно почитување на мерките за заштита за намалување на притисокот врз здравството, Христијан Мицкоски со својата морбидна некрофилна политика останува најголема закана за здравјето на граѓаните и подмолно се обидува да профитира од смртта на жртвите на коронавирусот, велат во соопштение СДСМ.
 
Од партијата порачуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата.
 
„Мицкоски се подбиваше со заболените од коронавирусот кога ги кршеше мерките и одеше во ресторан или во теретана, кога органзираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца.
 
Мицкоски не мислеше на последиците кога Вело Марковски зборуваше дека вирусот не е опасен, ниту денеска кога овој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од ракав дели терапии и кажува како не треба да се лекуваат заболените од коронавирусот.
 
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција. Напротив, го допреа дното со неконструкитвно однесување, опструкции и критики. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето, додека Мицкоски се радува на починати.“ стои во соопштението од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега