СДСМ: На изборите следна година следи двоен пораз на антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ

„Антиевропскиот концепт на Мицкоски и ДПМНЕ е антимакедонски концепт.Победата на СДСМ и Европскиот фронт на следните претседателски и парламентарни избори ќе биде двоен пораз за антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ“, порачаа утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Во него потенцираат дека граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност.
„Граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори и на парламентарните избори и формирање на новата проевропска влада ќе го обезбеди правецот по којшто се движи земјата, да остане на европскиот пат“, стои во реакцијата на владејачката партија.
15.10.2023 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа