СДСМ: На повидиок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило. Ова го бараат од владејачката СДСМ од градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.
 
„Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Според информациите на медиумите Аросвска била повиканата на разговор во политиција станица поврзано со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.
 
Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на  Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.
 
Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат:
 
Каквва е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото?“, се вели во соопштението на СДСМ.
 

 

Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?
09.06.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега