СДСМ: „Најдоброто“ е печат на СДСМ, заедно со граѓаните ја креираме најдобрата понуда за секоја општина

СДСМ вчера попладне започна со маалски и урбани средби со граѓаните во десетици општини низ целата држава.

„Функционери на партијата, членови на Извршниот и Централниот одбор, пратеници и пратенички разговараа со граѓаните пред кои ги презентираа проектите што досега се реализирани, но и ги слушнаа сугестиите и предлозите на граѓаните за идни мерки и проекти на локално ниво. Големиот интерес на граѓаните на овие средби е доказ дека „Најдоброто“ е силен печат на СДСМ. Урбаните и маалски средби продолжуваат и денеска, во осум општини низ државата. Во периодот што следи, со засилено темпо продолжуваме со теренски активности и директен пристап кон граѓаните“ велат од СДСМ.


Од партијата наведуваат дека преку урбани, маалски средби, граѓански трибини и средби со целни групи, заедно со граѓаните ќе го креираме „Најдоброто за секоја општина“.

„Преку посветена и одговорна работа постојано докажуваме дека сме партија која се грижи за граѓаните. Затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа сме фаворит на претстојните локални избори“, велат од владејачката партија.

11.06.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега