СДСМ: Најголема опасност за здравјето на граѓаните беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Најголема опасност за здравјето на граѓаните се токму Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во реакција на соопштението на опозицијата.

„Без елементарна грижа за никого и за ништо, во целиот изминат период, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви мерки за заштита, ги кршea сите протоколи, се обидуваа да го поткопаат здравствениот систем со манипулации и лажни вести.

Мицкоски одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и водеше здравствено небезбедна кампања, со што директно го загрози здравјето на граѓаните.

 Ги етикетираше здравствените работници и го потценуваше нивниот труд и напор сите овие изминати месеци.

Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев намерно не ги спроведуваше мерките на Владата, не казнуваше и придонесе за ширење на коронавирусот, а и тој седеше по кафеани без никаква заштита и дистанца.

 
 Граѓаните тоа го видоа и затоа ги казнија на последните избори.

СДСМ продолжува да вложува во здравството, создава ефикасен систем и ефикасна здравствена заштита, заедно со граѓаните ќе ги победиме и коронавирусот и сите опструкции“ велат од СДСМ во реакција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега