СДСМ: Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но во интерес на учениците, особено сега дури и во услови на пандемијата е продолжување на континуитетот на наставата.
 
Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикуваме наставниците интересот на децата да го стават на прво место.
 
Владата предводена од СДСМ секогаш имала слух за наставниците. Во изминатите 3 години, во три наврати ги зголемивме личните приходи на наставниците за 21%.
 
Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21%, што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.
 
Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно Законот за минимална плата.
 
Во исто време кога ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати, врши политизација на штрајкот на СОНК на штета на наставниците и на учениците.
 
ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот. Тоа е последната партија која може да зборува за образование или за плати на наставници.
 
Решенија се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.
 

 

Заеднички да се обезбедат одржливи решенија во врска со зголемување на платите на наставниците и унапредување на нивниот економско-социјален статус.
12.04.2022 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега