СДСМ: Не успеа блокадата, усвоен е дневниот ред, деструкциите на Мицкоски ќе бидат поразени

Христијан Мицкоски  не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните.
 
Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш.
 
Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ  треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат.
 
Вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува.
 
Освен што ја одолговлекуваа работата и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ.
 
На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади.
 

 

СДСМ, со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад. 
 

Центар за комуникации со јавноста СДСМ

 
12.05.2022 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега