СДСМ: Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги спасат криминалците и тајкуните

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминалот и коруптивното владеење. Ова го велат СДСМ.
 
- Во белиот дворец продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во опозициската партија. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.  Надлежните институции да расчистат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.  Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дело. Истовремено, доколку се докаже дека одредени медиуми манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.  Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност, велат тие.
 
Но, јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај. 
 
- Уште еднаш, ги повикуваме надлежните институции да ја забрзаат истрагата, да се лоцираат нарачателите, извршителите и помагачите и сите, од прв до последен, да одговараат за своите постапки, завршуваат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега